Пелмени, Димено свинско месо
Ресторан Ѕвезден Океан
Пробавме Пелмени, Димено свинско месо во лут сос и Лут ориз со брокула и кинески печурки во Ѕвезден Океан
Ѕвезден Океан постои од 2004 година и моментално се наоѓа на три локации во Скопје. Ѕвезден океан се одликува со многу пријатна и релаксирана атмосфера, а ентериерот е збогатен со елементи кои ќе ве запознаат и ќе ве доближат до културата на Северна Кина. Сите специјалитети во Ѕвезден Океан се подготвени од рацете на професионални готвачи од северниот дел на Кина. Менито нуди разни видови на свежи салати, пилешко месо, свинско месо, говедско месо и риба, вегетаријански специјалитети, традиционални кинески тестетнини и десерти.
За време на посетата на Ѕвезден Океан, готвачите за нас подготвија неколку специјалитети од кои бевме навистина воодушевени.
Како предјадење пробавме Пелмени (Damblings). Пелмените се всушност меко тесто, полнето со многу ситно сечкано свинско месо и праз. Традиционално, ова предјадење во Кина се служи за Нова година и стои како симбол на богатство. Пелмените можат да бидат пржени или варени. Се сервира во облик на пирамида и се верува дека колку е поголема пирамидата, толку е поголемо богатството. Парчето од пелмените се формира во облик на кинеска каса. За Нова година, во едно од парчињата Пелмени се става паричка и се верува дека оној кој ќе ја добие ќе има бериќет. Навистина многу сочно и богато со вкусови, ова предјадење е одличен избор кој топло го препорачуваме.
Како главно јадење, пробавме Чадено свинско месо во лут сос со пиперки и моркови. Целиот специјалитет е пропржен во кинески зејтин од сусам и традиционалниот лут сос „С'чуан“ (Szechuan), а се сервира со наросена кинеска сол, која всушност не го посолува јадењето туку служи како декорација. Вкусот на ова јадење е пикантно лут и е совршен за љубителите на лутата храна. Вкусовите на свинското месо, пиперките и морковите прави совршена целина во комбинација со традиционалниот лут сос.
Уште еден специјалитет кој го пробавме е Лут ориз со брокула и кинески печурки. Во ова јадење се служат кинеските црни печурки или уште познати како Ушите на дрвото. Оваа печурка расте во борова шума и има облик на ушна школка, по што го добила и своето име. Се увезува во сува форма, директно од Кина. Црната печурка има лековито дејство и помага при сериозни болести на желудникот и го прочистува. Сама по себе нема вкус, ниту мирис. Печурката го добива вкусот на специјалитетот со кој е приготвена, во случајов лутиот сос во комбинација со ориз и брокула. Текстурата на печурката е многу интересна бидејќи остава впечаток на многу тенка гума, а сепак е многу лесна за јадење. И овој вкусен и многу здрав специјалитет е одличен избор за љубителите на лутата храна.
Ѕвезден Океан е местото кое мора да го посетите доколку сакате пробате нешто поразлично од она секојдневното и воедно да се запознаете со кинеската кујна и специјалитетие приготвени од вистински мајстори.